Песочна бура во Индија усмрти десетици луѓе

Десетици починаа, а повредените се уште се бројат откако силна песочна бура ги зафати државите во северозападна Индија. Бурата уништи домови и дрвја, изнанадувајќи го населението бидејќи се појави неколку недели пред почетокот на монсунските дождови.

Пријавената бројка на жртви од ненадејната бура која ги зафати пределите на државите Раџастан, Утар Прадеш и Утарканд – се разликува. Па така, „Хиндустан тајмс” објави дека најмалку 75 лица се убиени, „Прес траст“ соопшти дека 45 лица се убиени, додека „Хинду“ објавија многу пониска бројка.

Извештаите за бројот на повредени, исто така, се движи од неколку десетина до повеќе од 100. Во главниот град, Њу Делхи, имаше помала штета, но невремето предизвика задушување поради прашината и дождот.

Бхаратпур, Раџастан и Агра, домот на познатиот Таџ Махал во западен Утар Прадеш беа најтешко погодени, а голем број луѓе загинаа, според „Хиндустан тајмс“.

Повеќето од смртните случаи се случиле кога куќите се распаднале над нивните станари поради тешките ветрови, пишува весникот.

Останатите медиуми информираат дека голема штета се случила и во Алвар, околу 90 милји северозападно од Агра, каде што повеќе од 100 дрвја биле искорнати, многу од нив паднале на возила и електрични кабли. Компанијата за дистрибуција на електрична енергија ја исклучила електричната енергија за да спречи понатамошно оштетување.