ОН: Од Мосул побегнале 8.000 луѓе

Oколу 8.000 луѓе побегнале од западниот дел на Мосул и од околните села откако ирачките сили почнале операција за ослободување на тој дел од градот од припадници на т.н. Исламска држава, соопштија денеска Обединетите нации.

Според Канцеларијата на ОН за хуманитарна помош, жителите кои побегнале дошле до подрачјето јужно од Мосул, кое е под контрола на војската. Потенцирано е дека има многу повредени, а најмајлку на 75 цивили им е укажана медицинска помош.

Инаку, Ирак со поддршка од меѓународната коалиција предводена од САД минатата недела почна офанзива за преземање контрола над западниот дел на Мосул, откако во јануари целосно беше ослободен источниот дел.