Од утре повторно со билет во ЈСП

Од утре се укинува одлуката за бесплатен јавен превоз во Скопје, соопштуваат од ЈСП.

„Ве информираме дека Одлуката од Градот Скопје за  бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП и во автобусите на приватните превозници, денеска 28.12.2017 г. до 24:00 часот завршува. Од утре 29.12.2017 г. Јавниот превоз ќе се одвива нормално, со наплата“, се вели во соопштението на претпријатието.

Одлуката за бесплатен јавен превоз беше донесена вчера, откако воздухот во Скопје два дена по ред беше екстремно загаден.