Нови епизоди на „Самурај Џек“ од 11 март

Фановите на „Самурај Џеј“ се израдуваа минатата година, кога „Картун нетворк“ најави дека култната серија на Генди Тартаковски се враќа со сосема нова петта сезона.

Оттаму сега соопштуваат дека новите епизоди од анимираната серија ќе започнат да се емитуваат од 11 март.

„Самурај Џек“, чиј автор е креатор и на „Лабораторијата на Декстер“, е класика меѓу анимираните серии на „Картун нетворк“, поради својот стил.

Тартаковски на минатогодишната Конференција за стрип во Сан Диего најави дека авантурата на Џек ќе се состои од 10 епизоди.