Нов рекорд во категоријата најмал компјутер во светот

Најмалиот компјутер на светот, односно електронски склоп кој може да се нарече компјутер, според нов проект зазема само 0,03 кубен милиметарски простор.

Имено, на Универзитетот во Мичиген е развиен ваков дел чии три димензии – должина, ширина и висина се по 0,33 милиметри.

Ова не е прв пат на овој Универзитет да биде создаден најмал компјутер на светот.

Претходно тој рекорд го држеше „Мичиген Мигро Мот“ со големина од 2x2x4 милиметри, за потоа IBM да го преземе со компјутер „голем“ дури 1 мм3 (1x1x1 милиметри).

Сега рекордот се врати во Мичиген. Овој компјутер е премал за вградена антена за безжичен пристап, па тој се „програмира“ и со него се управува преку светлина.

Во него има работна меморија, приемници и предаватели на безжични светлосни сигнали. Дури и струјата за напојување на овој микрокомпјутер ја добива од светлина на базната станица која управува со него.