Носи зелено и трчај за Водно на Скопскиот маратон

Граѓанската иницијатива „Спас за Водно“ ги повика граѓаните кои ќе учествуваат на претстојниот Виз ер Скопски маратон, кој ќе се одржува во недела, да трчаат за Водно.

Тие ги замолуваат учесниците сосебе да понесат зелен детаљ и трчајќи да ја поддржат борбата за зелено Водно.

„Водно е нашата зелена оаза, место кое го сакаме и дружиме токму ради природата која ја нуди. Да го сочуваме да остане зелено“, се вели во апелот.

Учесниците кои сакаат да се вклучат во акцијата може да се обратат до иницијативата на нивната официјална Фејсбук страница.