Нема веќе авторски права, објавен е трејлер за првиот хорор филм со Мики Маус

Од 1 јануари 2024 година краткиот нем анимиран филм на „Дизни“, „Паробродот Вили“ (Steamboat Willie) со Мики и Мини Маус влезе во јавната сопственост на САД.

Ова значи дека конкретната верзија на Мики Маус е без заштитен знак и филмаџиите ќе може да ја користат без дозвола или без да платат надоместок.

Веќе е објавен трејлер за нов хорор филм со ликот на Мики Маус од најраната верзија на Дизни од 1928 година.

Синопсисот на филмот „Стапицата на Мики Маус“ (Mickey’s Mouse Trap) гласи: Алекс го слави својот 21-ви роденден, но таа е заглавена во забавен парк доцна во ноќта, па нејзините пријатели одлучуваат да ја изненадат, но се појавува убиец маскиран во Мики Маус и одлучува да си поигра со нив, по што таа мора да преживее.

Филмот е во режија на Џејми Бејли кој изјави: „Сакавме само да се забавуваме со тоа. Тоа е Мики Маус од ‘Паробродот Вили“ кој убива луѓе. Тоа е смешно. Многу се забавуваме додека го работевме, и мислам дека филмот го покажува тоа.