„Дизни“ отпушта 7.000 вработени

Компанијата „Дизни“ објави големо реструктуирање под водство на неодамна вратениот извршен директор Боб Ајгер, укинувајќи 7.000 работни позиции како дел од напорите да заштеди 5,5 милијарди долари од трошоците и да го направи бизнисот со стриминг профитабилен, пренесува Ројтерс.

Отпуштањата претставуваат околу 3,6% од глобалната работна сила на „Дизни“.

Акциите на „Дизни“ пораснаа за 4,7% до 117,22 долари во тргувањето после работното време.

Чекорите, вклучително и ветувањето за враќање на дивидендата за акционерите, се однесуваа на некои од критиките од активистот-инвеститор Нелсон Пелц дека премногу се трошат средства на стриминг.

„Задоволни сме што Дизни слуша“, рече портпаролот на „Trian Group“ на Пелц.

Според планот за намалување на трошоците и враќање на моќта на креативните директори, компанијата ќе се преструктуира во три сегменти: единица за забава која опфаќа филм, телевизија и стриминг; единица на ESPN фокусирана на спорт; и Дизни паркови, искуства и производи.

„Оваа реорганизација ќе резултира со поисплатлив, координиран пристап кон нашите операции“, им рече Ајгер од „Дизни“ на аналитичарите на конференциска повик. „Ние сме посветени да работиме ефикасно, особено во средина што се соочува со предизвици“.

Истовремено, Ајгер најави планови за продолженија на „Toy Story“ и „Frozen и дека „се приклонуваат кон незаменливите брендови“, притоа истакнувајќи ја истакна важноста на франшизите.