Наставничка од Флорида е наводно под истрага затоа што им го пуштила филмот „Чуден свет“ на учениците

Официјалните образовни институции во Флорида наводно предупредиле наставничка велејќи ѝ дека за неа е отворена истрага за несоодветно однесување поради тоа што таа наводно, вели нејзин пријател, на своите ученици им го пуштила анимираниот филм на Дизни, „Чуден свет“.

„Мојата пријателка го покажа ‘Чуден свет’ на Дизни на нејзините ученици и еден од нив тоа го пријавил на неговите родители. Сега таа е под истрага. Флорида не е безбедна за наставници, не се селете тука“, стои во твитот на Carl Zee објавен на 11 мај.

Анимираниот филм на Дизни, според „Варајети“,  прикажува група истражувачи кои се обидуваат да спасат „мистериозна земја од губење на нејзиниот најважен извор на енергија“. Исто така, во филмот има истакнат геј лик – што е реткост во детските анимирани филмови.

Во твиот на Zee има и фотографија од писмо доставено од одделот за образование во Флорида на кое пишува „според примената жалба, оваа канцеларија утврди дека е оправдана истрагата за тоа дека сте се вклучиле во несоодветно однесување“.

Новиот закон на Флорида ефективно резултираше во забрана на одредени книги, при што училиштата и библиотеките ги отстрануваат од нивните полици поради загриженост дека претставуваат „несоодвена“ содржина.

Професор по Англиски јазик во средно училиште за „Гардијан“ изјавил дека библиотекар му одзел третина од книгите во неговата училница, а меѓу нив била и збирка на песни од Емили Дикинсон која исто така не се нашла на листата на одобрени книги.

На јавноста ѝ е познат и случајот кога пред два месеца училишна директорка си поднесе оставка откако родителите оквалификуваа лекција по ренесансна уметност, конкретно за „Давид“ од Микеланџело Буонароти, за порнографија.

Училишна директорка во Флорида си даде оставка – родители се побунија дека скулптура е порнографија