Наука за неуспехот се изучува на јапонските универзитети

74-годишниот Јотаро Хатамура е мајстор за неуспех. Овие зборови немаат иронична конотација, па Хатамура не треба да се смета за губитник кој си го потрошил животот.

Напротив, тој е еден од најуспешните и најпознатите научници во Земјата на изгревачкото сонце. Неговата слава произлегува од фактот што тој ја втемели новата стручна област позната као наука за неуспехот, која ги проучува грешките и пропустите во разни области на работата и животот и настојува да го насочи така стеченото знаење кон усовршувањето на методите на проектирањето, производството и организацијата.

Наука за неуспехот се изучува на јапонските универзитети

Неправилностите поинтересни од совршенството

Хатамура, професор на Универзитетот Когакуин, по струка е машински инженер, а пред да го стекне академското звање работел на проектирањето булдожери во компанијата Хитачи.

На идејата да основа нова научна дисциплина дошол кога забележал дека студентите за време на неговите предавања покажуваат повеќе интерес за примерите на лошо проектирање кои повремено им ги излагал, отколку за исправните и идеалните решенија за кои најчесто предавал.

Хатамура, кој је и почесен професор на престижниот Универзитет во Токио, тогаш сфатил дека на факултетите всушност се поттикнува копирање на веќе постоечките решенија и дека се запоставува развојот на имагинацијата и снаодливоста, затоа што во училниците обично се зборува само за тоа како треба да се работи за да се оствари добар резултат, а не се учи како и зошто работите можат да тргнат наопаку.

Професорот Хатамура во 2000 година ја објавил првата од повеќе авторски книги за науката за науспехот, насловена како „Препорака за проучавање на неуспехот“. Тоа дело станало бестселер во Јапонија и му донело слава не само во научата заедница, туку и во пошироката јавност, откако медиумите покажале големо интересирање за него и неговата работа.

Наука за неуспехот се изучува на јапонските универзитети

Патот до успехот води преку трње

Дисциплината која тој ја основал е позитивна наука, тврди Хатамура, наспроти тоа што се бави со негативните теми како што се превидите, пропустите и грешките, баш поради тоа што низ анализата на причините за неуспехот, се настојува да се спречи нивното повторување.

Неговата наука, во времето на основањето, првенствено се занимавала со неуспесите во конструирањето на машините и инженерските потфати, грешките во менаџирањето со фирмите и проектите, како и со причините за големите индустриски несреќи.

Самиот филозофски принцип на користењето на лошите искуства од минатото за самоусовршување сигурно не е нов и веројатно постои колку и човештовото. Исто така, свесното и студиозно извлекување поуки од претходните грешки веќе долго се применува како метода за унапредување на безбедноста и на квалитетот во работењето во архитектурата, авиоиндустријата и во автомобилската индустрија, на пример.

Наспроти ова, Хатамура е првиот стручњак кој се обидел да анализира поширок дијапазон на несреќи и пропаднати проекти, да ги преточи тие искуства во методолошки основи на систематско проучување на грешките во работата и тоа знаење да го примени на најразлични области на животот.

Извесна доза неуспех, тврди Хатамура, е составен дел од создавањето и напредокот. Обично неуспехот се доживува како нешто што треба по секоја цена да се избегне, но кога се почнува од нула, невозможно е да се избегнат грешките и падовите, па наместо очајувањето, покорисно е да се извлечат конкретни поуки и врз нивна основа да се усовршиме и да напредуваме.

Затоа, едукацијата на стручњаци од различни области за причините за неуспесите и несреќите, како и за начините за нивно надминување, е од суштинско значење.

Овој професор во осмата деценија на животот, кој за потребите на јапонската влада води проект на база на податоци за неуспесите, повторно привлече внимание во 2011, кога државата го повика да помогне во анализата на тешката нуклеарна несреќа во атомската централа Фукушима 1, како во иднина би се избегнала слична катастрофа.

Неговите помлади колеги и ученици, професори и постдипломци од лабораторијата на Машинскиот факултет на Токискиот универзитет која ја предводел, сега веќе ги прошируваат и ги применуваат неговите сознанија и на други области, како што се унапредувањето на организацијата и работата во медицинските установи, усовршувањето на безбедноста на играчките, домашните уреди и мебелот.

Извор: РТС