„Напред розово“ денеска во скопскиот Градски парк

Во Градски парк во Скопје денеска ќе се одржува „Напред розово“, уникатен настан чија цел е обединување на сите кои ја преживеале болеста, нивните пријатели, како и сите граѓани на Македонија со цел да се подигне свеста во борбата против ракот на дојката.

„Со ‘Напред розово’, веќе 10 години ‘Борка’ и Македонија се дел од големото светско семејство на борци против ракот на дојка. Бидете и ВИЕ дел од оваа приказна, заедно да чекориме за оние кои се борат, за оние кои веруваат, за оние на кои им треба надеж и поддршка и во чест на оние кои ги загубивме! Оваа борба е за сите нас! Затоа, биди и ти дел од неа! Да им помогнеме на другите да победат!“, велат од организацијата „Борка“.

Настанот ќе се започне од 11 часот  на „Школка“ во Градски парк.