На британските продавници за миленичиња им се забранува продажба на мачиња и кучиња

Велика Британија им забранува на продавниците за домашни миленици да продаваат мачиња и кучиња со цел да запре неконтролираното размножување и одгледувањето во лоши услови.

Со новата уредба, миленици ќе може да се вдомат директно од одгледувач, или од овластен центар.

Потегот следи по јавна консултација со која се откри дека 95% од јавноста поддржува ваква забрана. Ги следи новите закони, кои стапија на сила на 1-ви октомври, со кои им се забрануваат на лиценцирани продавачи да продаваат кучиња и мачиња под осум недели.

Овие промени доаѓаат по онлајн петиција потпишанa од 150.000 луѓе, која предизвика дебата во парламентот.