МВР: Три основни скопски училишта мета на лажни пријави за бомби

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) соопштуваат дека и денес три скопски училишта добиле дојави за бомби по електронска адреса, но по извршените проверки утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

„Денеска, на 2 декември, околу 07.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронски адреси на три основни училишта во скопско е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, велат од МВР.

Вчера околу 14:20 часот во СВР Скопје беше пријавено дека на електронските адреси на осум училишта во Скопје биле упатени закани за поставени експлозивни направи.

Вчера по деветти пат се пријавија дојави за бомби во училиштата низ Скопје во изминатиот период. Сите пријави досега беа лажни. Првите лажни дојави за бомби беа пријавени на 26 октомври.

По две недели повторно дојави за бомби во осум училишта низ Скопје