Утрово повторно дојави за бомби во седум училишта во Скопје

Утрово околу 9:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронската адреса на седум училишта во Скопје била упатена закана за поставена експлозивна направа.

„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија од МВР за Радио МОФ.

Ова е по осми пат во последиов период да се дојавува за бомби во училишта низ Скопје. Дојави за бомби имаше и претходната недела, во петокот. Инаку, сите дојави за бомби досега беше утврдено дека се лажни