И денеска дојави за бомби во скопски средни училишта

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека дојави за бомби денеска повторно стигнале на електронските адреси на четири скопски училишта.

„Денеска, на 4 октомври, во СВР Скопје околу 14 часот е пријавено дека на  електронските адреси на четири  училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки и училиштата се безбедно евакуирани“,се вели во соопштението на МВР.

Оттаму дополнуваат дека во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ова е втора евакуација на училиштата оваа недела, откако претходно училниците беа испразнети на 2 октомври, кога дојави за бомби добија осум средни училишта.

Минатата недела во неколку наврати до неколку средни училишта во градот пристигнаа закани за бомби, а подоцна се воспостави дека биле лажни.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски претходно посочи дека пораките со лажните пријави за бомби се пуштени надвор од државата.

[Обновено] Повторно дојави за бомби во осум средни училишта во Скопје