„Младите против сајбер насилство“ – младинска дискусија во „Нетавил“

Со цел да се покрене јавната свест за негативното влијание на сајбер насилството, на 28 ноември, вторник, во „Нетавил“, ќе се одржи младинската дискусија „Младите против сајбер насилство“.

Со почеток во 16 часот, дискусијата цели да ги информира и едуцира младите за достапните механизми за справување со сајбер насилство и да поттикне однесувања кај младите кои водат кон превенција на сајбер насилство.

На дискусијата ќе говорат Министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, младиот Европски амбасадор и член на Младински совет на Амбасадата на САД, Иван Дургутов, ко-основачката на „Стела нетворк“, Сара Миленковска и психологот Сања Стефановиќ.

Модераторка на дискусијата ќе биде Теодора Столевска, директорка на Младински образовен форум (МОФ).

Настанот е дел од кампањата „Сложувалка“ по повод 16 дена активизам за борба против насилството врз жените.