Младиот македонски пијанист Арда Мустафаоглу со прва награда на меѓународен натпревар

14-годишниот македонски пијанист Арда Мустафаоглу победи на интернет натпреварот “Best Mozart Performance” (Најдобра изведба на Моцарт) , во рамките на светскиот натпревар “Great Composers” (Големи композитори).

Во конкуренција на инстументалисти од САД, Полска, Канада, Велика Британија, Германија и други земји од целиот свет, Мустафаоглу го освои првото место во неговата категорија.

Младиот уметник е ученик во Државниот музичко-балетски училишен центар „Илија Николовски – Луј“ во Скопје, во класата на м-р Самира Мустафаоглу. Има настапувано на повеќе меѓународни пијано натпревари во Македонија, Србија, Бугарија, Албанија и Италија, каде има добиено повеќе први награди.