Меморијален алпинистички собир на Матка

Во текот на викендот, 12/13 мај, на Матка ќе се одржи традиционалниот меморијален алпинистички собир, посветен на великаните на македонскиот алпинизам.

Собирот ќе се спроведува според неформална програма, која во текот на денот ќе се состои од качување по избор во долги и кратки насоки, а сместувањето ќе биде во шатори во дворот на манастирот Свети Никола (Шишевски Манастир) додека исхраната ќе биде „од ранец“.

Македонската алпинистичка федерација ги потсетува сите учесници на собирот дека треба да поседуваат комплетна опрема за качување и логорување, прилагодена според планираните активности и условите кои владеат во локалитетот, како и да се придржуваат до правилникот и актите за работа на МАФ.

Официјално собирот ќе се отвори во сабота, на 12 мај. Во недела, пак, на вежбалиштата покрај манастирот ќе биде организриан „Отворен ден со македонските алпинисти“, каде на секој кој сака да проба да качува и да се запознае со дел од алпинистичката опрема, тоа ќе му биде овозможено од соодветно обучени членови на федерацијата.