Македонија домаќин на Европското првенство во атлетско планинско трчање

Во организација на Атлетската федерација на Македонија, а со поддршка од Агенцијата за млади и спорт и градот Скопје, на 1 јули на Водно ќе се одржи Европско првенство во планинско трчање во сениорска и младинска конкуренција.

На трката ќе учествуваат 250 натпреварувачи од 28 држави.

Организаторите и македонската маратонка Весна Кираџиева ги повикаа сите вљубеници на атлетиката и спортот да дојдат на Водно и да бидат дел од манифестацијата.