Лондонски композитор создаде музика од звукот на гравитациските бранови

Алберт Ајнштајн пред сто години го предвиде постоењето на гравитациските бранови, кои се дел од неговата општа теорија на релативноста. Пред неколку дена, поточно на 11 февруари, група од научници соопштија дека регистрирале и снимиле звук од „допирањето“ на две црни дупки, а звукот наликува на чврчорење на птици.

Токму овој звук му послужил како инспирација на лондонскиот композитор Артур Џефес, кој создаде електронска балада од звукот на гравитационите бранови, со помош на астрофизичарката Самаја Нисан.