„La La Land“ собра седум „Златни глобуси“, наградени и „Moonlight“, „Еlle“ и „The Crown“

На синоќешната церемонија во Беверли Хилс, филмот „La La Land“ освои најмногу награди „Златен глобус“, кои се сметаат за предвесници на „Оскарите“.

Мјузиклот на Дамиен Чазел беше доминантен во категориите за комедија/мјузикл, па ги собра сите седум награди за кои беше номиниран, вклучувајќи за најдобар филм, режисер, најдобар актер (Рајан Гослинг), актерка (Ема Стоун), оригинално сценарио и песна („City of Stars“).

La La Land

Филмот „Moonlight“ на режисерот Бери Џенкинс, кој ја раскажува приказната за Чирон низ три временски периоди, доби „Златен глобус“ за најдобар филм во категоријата драма.

„Elle“ на Пол Верховен ја разбранува филмската јавност уште на фестивалот во Кан. Изабел Хуперт дава една од најубедливите улоги во својата кариера, која беше препознаена и на „Златните глобуси“. Па така, освен за најдобра женска улога, „Elle“ ја освои и статуетката во категорија за „странски филм“.

Пол Верховен и Изабел Руперт на снимањето на „Elle“

Во однос на телевизиски проекти, пак, „Atlanta“ зема награди за мјузикл или комедија и за најдобар актер (Доналд Гловер). Истовремено, „The Crownотиде дома со статуетки за најдобра актерка (Клер Фој), но и за најдобра драма во категорија со серии како „Game of thrones“, „Stranger things“, „This is us“ и „Westworld“.

Целосната листа на награди може да се погледне ОВДЕ.