Куковите Острови прогласени за најдобра дестинација за патување за 2022

Куковите Оствори, групата од 15 острови во Тихиот Океан, се најде на врвот на листата држави кои треба да се посетат во 2022 година според издавачот на туристички водичи „Лоунли Планет“ (Lonely Planet).

Според компанијата оваа туристичка дестинација нуди разни атрактивни активности како нуркање, скокови во вода и риболов. Дополнително, вреди да се посети и домородната маорска заедница во селото Те Вара Нуи.

Откако пред две години на нивната листа на дестинации се најде и Северна Македонија, оваа година од нашиот регион е застапена Словенија како петта најатрактивна земја за патување.

„По принудната пауза време е да се вратиме на долгоодложуваните планови за патувања од нашите полици и да ги направиме реалност. Листата го слави светот и неговата прекрасна разноликост“, вели Том Хол од „Лоунли Планет“

Покрај десетте најдобри држави, оваа година издавачот ги има посочено и најдобрите региони и градови кои треба да се посетат идната година. Погледнете ги во продолжение:

Најдобри 10 држави:

  1. Кукови Оствори
  2. Норвешка
  3. Маврициус
  4. Белизе
  5. Словенија
  6. Ангвила
  7. Оман
  8. Непал
  9. Малави
  10. Египет

Најдобри 10 региони:

  1. Вестфјордс, Исланд
  2. Западна Вирџинија, САД
  3. Џишуангбана, Кина
  4. Крајбрежјето на Кент, Велика Британија
  5. Порторико, САД
  6. Шикоку, Јапонија
  7. Пустината Атакама, Чиле
  8. Живописната граница, Австралија
  9. Островот Ванкувер, Канада
  10. Бургундија, Франција
Најдобри 10 градови:
  1. Оукленд, Нов Зеланд
  2. Тајпеј, Тајван
  3. Фрајбург, Германија
  4. Атланта, САД
  5. Лагос, Нигерија
  6. Никозија, Кипар
  7. Даблин, Ирска
  8. Мерида, Мексико
  9. Фиренца, Италија
  10. Кенџу, Јужна Кореја