Контра кадар Битола со проекција на „Spoor“ и дискусија за односот кон бездомните животни

Испровоцирани од лошиот однос кон бездомните животни, активистите на Контра кадар Битола вечерва организираат проекција на филмот „Spoor“, која воедно ќе биде и последна за годинава.

По неа, ќе следува и дискусија за можни решенија за овој проблем, со оглед на тоа дека во изминатиот период се зголеми бројот на граѓани кои поставуваат отров на улиците во повеќе градови.

Гости на проекцијата ќе бидат Maли Херои – здружение за заштита на животните.

Настанот ќе се одржи во Малата сала од Домот на културата, со почеток во 19 часот. Влезот е бесплатен.