Конкурс за филмски сценарија за наградата „Скрипт фест 2022“

Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација Македонија презент од Скопје и ЈУ Дом на култура Кочо Рацин – Скопје распишуваат Конкурс за филмски сценарија.

Право на учество на Конкурсот имаат сите граѓани независно од нивната возраст, а крајниот рок е 15 април 2022 година. Секој автор може да испрати неограничен број свои сценарија. Исто така, нема никакви ограничувања ниту за темата, ниту за формата и обемот на сценаријата.

Филмските сценарија потпишани со името и презимето на авторот и негова кратка биографија, треба да се испраќаат на следниов мејл: info@macedoniapresent.mk, со напомена: за Конкурсот за филмски сценарија.

Авторите на најдобрите сценарија ќе ја добијат наградата „Скрипт фест 2022“, а наградите ќе бидат врачени на Фестивалот на филмски сценарија „Скрипт фест 2022“, што ќе се одржи во мај во Домот на култура Кочо Рацин во Скопје.