Конференција – Наративите во полу-авторитарни режими

Во среда, 13 септември во Кино Фросина (МКЦ) во Скопје, со почеток од 18 часот ќе се одржи конференцијата „Наративите во полу-авторитарни режими (случајот со Македонија)“.

На конференцијата во две сесии ќе дискутираат Игор Мицевски, Билјана Котевска, Кристина Леловац и Славчо Димитров, и Ирена Стефоска, Ивана Драгшиќ, Дарко Стојанов, Миша Поповиќ и Влора Речица.

Во текот на последната декада голем број на интелектуалци, претставници од невладиниот сектор, меѓународни организации и европската комисија, Република Македонија ја дефинираа како заробена држава, демократура, делумно слободна држава или полу-авторитарен режим.  Целта на конференцијата е да се анализираат овие наративи кои беа насочени кон повеќе сегменти од општеството, културата, човековите права, политиките на сеќавања, политичкиот дискурс и медиумите. Во две сесии свои погледи ќе претстават луѓе кои подолго време работат во областите опфатени од ова прашање и кои ќе ги претстават своите искуства и истражувања.