Kонцерт на грчкиот бенд Астреј и електронскиот музичар Б.Атл

Грчкиот бенд Астреј и скопскиот музичар и ди-џеј Б.Атл на 5 февруари (петок), со почеток во 20.00 часот ќе настапат во културниот центар Кула.

Астреј е грчки рок-бенд, кој се формира во 2007 год. во Солун. Во 2013 год. го издаваат своето прво и-пи издание и во 2016-та год. прават мини-турнеја низ балканските земји, меѓу кои е вклучена и Македонија. Нивниот музички звук е под влијание на музиката на Cathedral, Orange Goblin, Kyuss, Black Sabbath, итн.

Б.Атл е скопски ди-џеј познат по неговите експериментални музички вечери во Ла Кања. Напоредно со неговиот ди-џеј активизам тој создава авторска музика под истиот псевдоним. Како предконцертно загревање за Астреј, Б.Атл ќе ја отвори вечерта во Кула со неговиот настап.

„Ве покануваме на едно необично музичко доживување, каде ќе ги споиме експерименталниот електронски звук и хеви рок музичкиот жанр“, велат од културниот центар Кула.