Коалицијата против нуклеарни оружја ја доби Нобеловата награда за мир

Нобеловата награда за мир е доделена на Интернационалната кампања за забрана на нуклеарни оружја (ICAN).

Берит Рајс-Андерсен, престедателка на Нобеловиот комитет за наградата за мир, вели дека групата наградата ја заслужува наградата поради „револуционерните напори да постигнат договор за забрана“ на сите нуклеарни оружја.

„Живееме во свет каде ризикот од користење на нуклеарни оружја е поголем одошто бил веќе долго време“, вели таа.

Го потенцираше проблемот со Северна Кореја.

Рајс-Андерсен ги повика државите кои поседуваат нуклеарни оружја да започнат преговори, за постепено да се елиминираат овие средства за масовно уништување.

Во јули, 122 нации усвоија договор на ОН креиран да ги забрани, и со текот на времето да ги елиминира сите нуклеарни оружја. Но, ниту една од деветте нуклеарни сили во светот – меѓу кои и Велика Британија и САД, не го потпиша.

ICAN, коалиција на стотици невладини организации, е стара 10 години и има седиште во Женева, Швајцарија. Групата ќе добие девет милиони шведски круни (1,1 милиони долари), заедно со медал и диплома на церемонијата во декември.