Кинески научници развија маска која детектира коронавирус

Кинески научници развија маска која може да открие коронавирус или грип во воздухот и да ги предупреди оние што ја носат, доколку биле изложени на вирусот по десетминутен разговор со заразено лице, пренесува Данас.

Сензорите прикачени на маската можат да реагираат само на 0.3 микролитри вирус во воздухот, откривајќи го вирусот Ковид-19 и вирусите на грип Х5Х1 и Х1Н1 во воздухот во рок од 10 минути и испраќаат известувања на уредот.

Студијата предводена од шест работници научници од Универзитетот Тонџи во Шангај беше објавена во научното списание „Метер“ на 19 септември.

Новиот уред, кој се монтира надвор од маската и има литиумска батерија што се полни беше тестиран со прскање патогени врз него во затворен простор, симулирајќи реално сценарио каде некој зборува или кашла.

Сензорите реагирале на течноста во количина од 70 до 560 пати помала од онаа која настанува при кивање, испраќајќи предупредувања до безжични уреди како што се телефоните.

Пандемија поттикна масовно носење маски. Сепак, олеснувањето на мерките поврзани со коронавирусот во многу земји доведе до пад на употребата на маски.