[ФОТО] Како изгледаат заштитните маски под микроскоп

Заштитните маски станаа секојдневие за граѓаните во борбата против пандемијата со Ковид-19. Тие функционираат така што ги блокираат капките полни со вирусот и помалите честички, наречени аеросоли, кои заразените лица ги издишуваат.

Научниците од американскиот Национален институт за стандарди и технологии сакаа да проверат колку добро маските од различни материјали ги филтрираат овие честички и што е она што некои материјали ги прави подобри во блокирање на вирусот.

За таа цел, Едвард Вицензи кој е дел од научниот тим употребил електронски микроскоп за да ги разгледа различните материјали одблиску. Сликите кои ги направил на научната заедница им овозможуваат важни податоци за карактеристиките на различни материјали при филтрирање честички.

Нивното истражување покажало дека памучните маски имаат подобри резултати од синтетичките. Памучниот материјал се покажал подобар и кога бил изложен на влага од човечкиот здив. Научниците утврдиле дека памучната ткаенина е особено добра во филтрирањето бидејќи распоредот на нејзините влакна е хаотичен наспроти синтетичките. На овој начин се зголемуваат шансите дека аеросолот кој се движи низ материјалот ќе се судри со памучното влакно и ќе се задржи на него.

Повеќе информации за научното истражување може да прочитате на следниов ЛИНК.

Фотографиите се на Е.П. Вицензи / Институтот за музејска конзервација Смитсонијан и Националниот институт за стандарди и технологии на САД.