Караванот на книгата во организација Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) од денеска до 2 август ќе биде во Битола.
Летниот саем на книгата во организација на издавачките куќи „Три“, „Антолог“, „Арс Ламина“, „КСЦ Полица“, „Култура“ и „Едука Мак“ќе биде на платото пред битолскиот Народен театар.
Во рамки на саемот ќе имаат можност и за средба со повеќе автори.
Караванот на книгата низ Македонија и летните саеми, се дел од заложбите на МАИ за популаризација на културата на читање книги.