ЈСП објави водич откако патници се изгубија низ новиот возен ред

Голем број патници изминативе денови реагираа на измените на сајтот на ЈСП „Скопје“, кој го смени пристапот за следење на автобусите во реално време. Ова дава нова можност и подетален увид за пристигнување на секоја линија, во двете насоки, меѓутоа во обид да дојдат до потребната информација, некои патници се изгубија низ дополнителни кликови и барање по бројот на автобус.

ЈСП сега објави и водич како полесно да се користи возниот ред, чекор по чекор. Ви го пренесуваме во целост:

Во горното мени со притискање на „Станици“ се појавува листа на сите станици (слика 1). Со одбирање на посакуваната станица и притискање на стрелката се отвора нова листа на која се испишани сите линии (слика 2).

Слика 1

Слика 2

На „Слика 2“ одбрана е станицата „ЦЕНТАР РЕКОРД-КОН ЗАПАД“ каде се прикажани  сите линии кои поминуваат на оваа станица и „Преостанато време“ за кое автобусот ќе пристигне на станицата. Со притискање на копчето  на одбраната станица, ќе се отвори соодветниот возен ред за таа станица (слика 3).

Слика 3

Со притискање на „Линии“ од горното мени, се појавува листа на сите линии (слика 4).

Со одбирање на посакуваната линија и притискање на стрелката се отвора нова листа со сите станици на соодветната линија (слика 5).

Слика 5

Со притискање на копчето   се отвора планиран возен ред за соодветната станица (слика 6).

Слика 6

НАПОМЕНА: Доколку сакате да ги отворите само почетните тргнувања на посакуваната линија, ќе ја одберете првата или последната станица на соодветната линија.

Со притискање на копчето  во двете полиња од горното мени, „Станици“ или „Линии“, ќе ја прикаже локацијата на посакуваната станица.