Изложба на современи полски графичари во Битола

Изложба на која ќе бидат претставени современи полски графичари вечерва ќе биде отворена во уметничката галерија Магаза во Битола.

Изложбата ја организира Амбасадата на Република Полска во Скопје, заедно со Друштвото за македонско-полско пријателство и во соработка со „Висла“ – огранок во Битола во соработка со НУ Завод и Музеј Битола и Меѓународно графичко триенале Битола.