Изложба на скулптури “Зодијак” oд Митко Дамјановски во МКЦ

Вечерва во 20 часот Младински културен центар  (МКЦ) ќе се отвори изложбата со скулптури на младиот уметник Митко Дамјановски, насловен “Зодијак”.

Организаторите посочуваат дека ова е прва самостојна изложба на Митко Дамјановски, резултат на
истражување во апстрактно творештво низ комбинации на различни материјали.

„Целината од дванаесетте дела кои ги претставуваат хороскопските знаци од зодијакот се претставени во апстрактна форма. Во овој проект се подвлекува паралелата помеѓу секој знак како уникатен спој на особини кои оформуваат еден карактер и асоцијативната моделација која ја овозможиваат избраните ликовни елементи и принципи“,

Изложбата ќе биде отворена до 25 декември.

Митко Дамјановски е роден во Кавадарци 1996 година. Завршил во средното Училиште за рименета уметност „Лазар Личеноски” во Скопје на отсек вајарство 2014 година и дипломирал на Факултетот за ликовни уметности смер вајарство 2019 година.