Мала изложба на црно-бели фотографии и графички дизајн во МКЦ

Од 24 до 27 март во бифето на Младинскиот културен центар (МКЦ) – Скопје ќе биде поставена изложба на црно-бели фотографии и графички дизајн од Слободан Циклевски и Гордана Каракашевска насловена „B&W FREESTYLE PHOTOGRAPHY“.

„Ќе имате можност да ја проследите оваа, по многу нешта, посебна изложба на црно-бели фотографии што оддаваат замрзнат момент и врамена меморија. Ве покануваме да ја почувствувате магијата на фотографијата, нејзината тишина и магичноста на црно-белата фотографија. Животот е во боја но црно-белото е пореално. Кога фотографирате во црно-бела техника, вие ја фотографирате душата на нештата“, стои во најавата за настанот.

Организаторите најавуваат и дека на 27 март во 19:30 часот ќе има излагање и проектирање на албумот 2022/23 од „B&W FREESTYLE PHOTOGRAPHY“.