Изложба „Мала соба“ посветена на бегалската криза во Мала станица

Хелсиншкиот комитет за човекови права и Легис синоќа во Мала станица ја отворија изложбата „Мала соба“ посветена на бегалската криза.

На изложбата, се претставува двегодишното искуство со бегалците кои потекнуваат од воените зони што се движат од Турција и Африка до Балкан и до централно – северна Европа.

Изложбата се организира во рамките на проектот „Мала соба”. Проектот, пак, има за цел да ја информира и да ја подигне свеста на јавноста за проблемот со бегалците, фокусирајќи се на неговите повеќекратни димензии: големината на оваа хуманитарна драма, моќта на солидарноста, заканата од неконтролираното дејствување на нелегалните групи за трговија со луѓе и нивното негативно влијание врз европскиот азил, итната потреба од дејствување на европските власти, активирање на рефлексите на европските граѓани, активно учеството на младите луѓе, како и универзитетските институции низ цела Европа.