И Општина Центар го отвори повикот за субвенции за велосипеди

На почетокот на месец мај и Општина Центар, четврта година по ред, го отвори повикот за субвенции за купување на нови 1.111  велосипеди. За таа цел од буџетот на општината се одвоени  2,8 милиони денари.

Општината ќе субвенционира 30% од цената за купување нов велосипед, но најмногу до 3.000 денари.

Секој полнолетен жител на општина Центар што ќе купи велосипед од денот на започнување на акцијата, потребно е да ги достави следниве документи: Барање за субвенционирање за купен производ (достапно за симнување на opstinacentar.gov.mk), копија од лична карта, копија од трансакциска сметка и фискална сметка со сметко-потврда или фактура за купен велосипед.

Барањата со комплетна документација се доставуваат во архивата на Општина Центар-Скопје, барака број 6, почнувајќи од втори мај. По доставувањето на документите, подносителите ќе бидат известени за редниот број на поднесокот и субвенционирањето. Правото на субвенција е еднократно.

Акцијата ќе трае се до исцрпување на предвидените средства во Буџетот на Општина Центар-Скопје.
Субвенции за велосипед до 3000  денари даваат и Град Скопје и Општина Карпош, а повиците за апликациите се во тек.