Хонолулу ќе ги казнува пешаците кои преминуваат улица додека гледаат во мобилните телефони

Властите во Хонолулу, главниот град на Хаваите, од утре ќе почнат да ги казнуваат пешаците кои преминуваат улица гледајќи во мобилниот телефон.

Хонолулу е првиот град во САД, кој презема мерки против овие т.н. „телефонски зомбија”, кои не можат да го одвојат погледот од мобилните дури и по цена на животот. Казните ќе се движат до 35 долари.

„Ова е навистина пресвртна регулатина која поставува граница за безбедноста“, вели Брендон Елефант, член на Градскиот совет кој ја предложи забраната. Печаците, вели тој, ќе ја делат одговорноста за нивната сигурност со возилата.

Сепак, и натаму ќе биде дозволено да се зборува на телефон при преминување улица.

Минатата година приближно 6.000 пешаци загинале од удар на автомобил во САД, што е за 11 проценти повеќе во однос на 2015 година и претставува највисоко ниво за последните 20 години, покажуваат податоците од владини извештаи.