Гугл објави видеа кои покажуваат колку се променила Земјата во последните 32 години

Гугл деновиве објави нови „тајмлапс“ видеа кои покажуваат како влијаеле климатските промени врз Земјата во последните 32 години.

Компанијата за првпат почна да објавува вакви видеа во 2013 година, опфаќајќи го периодот од 1984 година до 2012 година. Гугл сега ја обнови алатката со слики до 2016 година, а постарите слики ги изостри.

За да се направат 33-те видеа, биле потребни повеќе од пет милиони сателитски снимки. Во продолжение погледнете ја целата плејлиста со видеата, која вкупно трае 40 минути.