Грета Тунберг ќе треба да плати парична казна поради протестна блокада

Грета Тунберг ќе треба да плати парична казна, одлучи денес шведскиот суд, откако против неа беше покренато обвинение поради непослушност кон полицијата за време на климатски протест, јавува „Guardian“.

Дваесетгодишната климатска активистка, која во 2018 стана лицето на младинското климатско движење го призна своето учество на протестот во Малмо, во јуни годинава, но се изјасни дека не е виновна, а додаде дека постапила онака како што е потребно.

„Моите постапки се оправдани. Верувам дека сме во итност која е закана по животот, здравјето и имотите. Безброј луѓе и заедници се под ризик и на краток и на долг период“, изјавила Тунберг.

Ова е прво обвинение против активистката поради климатско протестирање.

Денешното судење е поврзано со протест на пристаништето во Малмо, кој се случи во јуни,  а Тунберг е осудена дека не ја послушала наредбата на полицијата за напуштање на локацијата на протестот.

Според Ројтерс, висината на паричната казна на Тунберг ќе биде врз основа на нејзината регистрирана заработка, па сѐ  уште не е јасно колку ќе изнесува.

Шведска покрена обвинение против Грета Тунберг поради блокирање на пристаниште во Малмо