Шведска покрена обвинение против Грета Тунберг поради блокирање на пристаниште во Малмо

Шведската климатска активистка Грета Тумберг ќе се појави на суд во текот на јули поради „непослушност кон полицијата“ за време за протест, јавува „БиБиСи“.

Тумберг (20) се придружила на група млади активисти кои блокирале нафтени бродови на пристаниште во Мално во јуни. Според полицијата, од неа било побарано да го напушти местото на протест, наредба која Тумберг не ја послушала.

На неа ѝ предстои шестмесечна казна затвор или парична казна.

Групата „Освои ја иднината“ шест дена го блокирала пристаништето во Малмо во Јуни, а од групата посочуваат дека дел од активистите се искачиле на бродовите.

„Климатската криза веќе станува тема на живот или смрт за безброј луѓе. Избираме да не бидеме пасивни набљудувачи. туку физички да ја стопираме нафтената инфраструктура“, напишала Тунберг на Инстаграм кога во се приклучила кон јунскиот протест.

„Обвинителството изрече обвиненија против млада жена која на 19 јуни оваа година учествувала во климатски протест, кој според обвинителството, предизвикал стопирање на сообраќајот во Малмо. Девојката одбила да ја слуша наредбата од полицијата за напуштање на локацијата“, информирале од шведската полиција.

Тунберг на суд треба да се појави на 14 јули, заедно со останатите активисти.

Тунберг за „БиБиСи“ изјавила дека го блокирале пристаништето за да се прекине употребата на нафта која убива невини лица.

„Полицијата побара да го напуштам пристаништето, но одбив. Тогаш бев извлечена од страна на полицијата. Но, вистискиот криминал се случува внатре во пристаништето. Ние нема да седиме и чекаме додека нафтената индустрија ни ги одзема соништата“, изјавила таа.