Граѓани се организираат да им помогнат на штрковите поради ниските температури

Пролетта пристигна, но ниските температури и снегот ги измамиja штрковите кои се вратија во своите гнезда. Граѓани апелираат дека ги виделе овие птици на повеќе локаци, меѓу кои Драчево, Зелениково, Ржаничино и Петровец, но дека им е неопходна помош. На социјалните мрежи започна да кружи повик за здружена акција со која ќе им дадат храна, или топло засолниште.


Слична акција веќе има во Бугарија, каде луѓе се организираат за вдомување на штрковите во своите гаражи или домови. Бугарските власти велат дека ладното време не е опасно за птиците преселници, кои брзо се прилагодуваат на ситуацијата.

„Важно е да се знае дека штрковите, како и поголемиот дел од птиците преселници, не го избегнуваат ладното време кога се движат кон југ, но бегаат поради недостаток на храна во текот на зимата“, информираат од бугарското Министерство за екологија.

Сепак, ги предупредуваат граѓаните во случај да видат птици чии перја и крилја се замрзнати, дека можеби се во опасност.

Во такви случаи, велат од министерството, луѓето треба да ја засолнат птицата или да побараат помош од стручни лица.