[Галерија] Хипнотизирачката убавина на иранската архитектура

Архитектурата на Блискиот исток е позната по нејзината калеидоскопска убавина. Instagram корисникот и фотограф m1rasoulifard ги фотографира таваните на иранските џамии, кои се одличен пример за шарената убавина на оваа архитектура.

Од џамијата Џамех, една од најстарите во Иран кои сѐ уште постојат, до училиштето Чахар Баг, фотографот цели да ја прикаже историјата на иранската архитектура и дизајн преку хипнотизирачките фотографии, кои претставуваат неверојатно визуелно патување.

Извор: Bored Panda