[Галерија] Футуристичката архитектура на Белград

Minimal Belgrade е серијал на уметнички фотографии кои ги прикажуваат некои од најзначајните дела на белградската архитектура од средината на 20-тиот век.

„Често нарекувани дела на социјалистички модернизам, соц-реализам, брутализам, архитектура на принуден стандард итн., главната карактреристика на овие градби не е само што изгледаат футуристички, туку делуваат како да се земени од иднината и донесени кај нас“, вели авторот на проектот, Мирко Нахмијаш.

Сликите се истовремено и минималистички и комплексни, а може да се поврзат за да се создаде единствен хоризонт на Белград, онака како што публиката го замислува.