[Галерија] Еволуцијата на жените во фото-каталозите: Од разголен модел – до освојувач на врвовите

Во 2007 година најпродаваната фотографија на пребарувањето на поимот „жена“ на каталогот фотографии на сајтот Гети Имиџ (Getty Images) била гола жена која лежи во кревет со поглед вперен во објективот, додека долниот дел на телото и е прекриен со пешкир.

Во 2017 година, најпродаваната фотографија е онаа на жена која сама планинари на работ на планина во Националниот парк Банф, над езеро со тиркизна боја. Носи јакна и волнена капа, а нејзиното лице не се гледа.

„Изгледа на слика за моќта, за слободата, за верувањето во себе. Кому му е гајле како изгледаш? Ајде да се фокусираме на тоа што го правиш“, вели за Њујорк Тајмс Пем Гросман, директорката на визуелните трендови на Гети Имиџ, компанијата која нуди професионални фотографии.

Каталогот на фотографии – кој претставува група на општи слики кои може да се појават насекаде – од реклами, билборди, магазини и блогови и ја отсликуваат културата на одреден момент во времето.

Последната деценија, најпродаваните фотографии од Гети за поимот „жени“ еволуирале од слики на претежно голи модели, до активни жени во кои изгледот не е најважен.

Во продолжение ова се најпопуларните каталог слики на Гети Имиџ за секоја година од 2007 до 2017 година:

2007 Година
Credit: Stephan Hoeck/Getty Images

2008 Година
Credit: Andreas Kuehn/Getty Images

2009 Година
Credit: Siri Stafford/Getty Images

2010 Година
Credit: Paul Viant/Getty Images

2011 Година
Credit: Mike Powell/Getty Images

2012 Година
Credit: Roy Mehta/Getty Images

2013 Година
Credit: Guido Mieth/Getty Images

2014 Година
Credit: Donald Miralle/Getty Images

2015 Година
Credit: Betsie Van Der Meer/Getty Images

2016 Година
Credit: Tegra Stone Nuess/Getty Images

2017 Година
Credit: Jordan Siemens/Getty Images

Во 2017 година, според фотографиите на Гети кои најчесто биле одбирани од огласувачите и медиумите, да се биде жена значи да се биде самостојна, физички активна, без оглед дали се работи за пот на лицето или задлабочена во изработка на електрични механизми.

Промената во изгледот на жените, од голи модели во жени кои демонстрираат физички и професионални вештини, делумно е предизвикана од колекцијата „Лин Ин“ која Гети ја разви во 2014 година, за да ги снабди медиумите со помодерни, различни и авторитетни фотографии од жени. Колекцијата, која сега брои 16 илјади фотографии, има неофицијален слоган: „Не можете да бидете она што не го гледате“.

Во 15-те најпопуларни форографии од колекцијата за оваа година има четири на кои се прикажани татковци кои играат со дете, четири од девојки и жени вклучени во наука и инженерство, три од жени кои спортуваат и уште четири фотографии во бизнис или училишно окружување.

Сепак, колумнистката на Гардијан, Арва Махдави, смета дека и покрај тоа што фото-каталозите ги менуваат стереотипите, типичната жена се уште е „млада, слаба и од белата раса“.

„Ајде да се вратиме на полу-голата жена со која започнавме и нејзината метаморфоза во целосно облечена планинарка. Додека сигурно е охрабрувачки да се биди начинот на кој фото-каталозите на жените еволуирале во последната деката, истовремено е депресивен начинот на кој тоа не се случило. Дали лежи или е на планински врв, типичната жена уште е од белата раса. А, кога ќе ги видите најпопуларните пребарувања на поимите „убавина“ и „мода“, фотографиите се доминантно во светлата боја на кожата. Се надевам дека во 2027 година, најпопуларните каталог-фотографии за „жена“, нема само да носат повеќе облека од 2007, туку ќе имаат и малку пообоени“, пишува Махдави.