[Галерија] Естетика на грдото

По завршетокот на фото-конкурсот организиран од младинската иницијатива „ViridiQ“ и сумирањето на резултатите, ги објавуваме дел од фотографиите кои влегоа во потесниот круг на натпреварувањето.

Фотографиите беа изложени во „Културен центар Автокоманда” на 27 април, по повод Денот на планетата Земја.

Тие го прикажуваат нашето секојдневно опкружување, со фокус на непријатното. Преку оваа изложба организаторите се обидоа да ги поттикнат граѓаните да размислуваат за отпадот кој го создаваат и да пристапат кон негово намалување.

Првото место на конкурсот го освои Ана Крстевска со награда курс за графички дизајн од Brainster. Второ место доби Ана Андоновска а како награда освои шатор. Трето место и припадна на Марија Ризова, која освои ранец.