[Галерија] Балерините од Каиро ги поттикнуваат Египќанките да се борат против сексуалното малтретирање

Во неговата серија фотографии „Балерините од Каиро“, фотографот Мохамед Тахер ги документира египетските танчерки, на кои улиците им се сцената, скокајќи и позирајќи низ главниот град на нивната земја.

Фотографиите, на прв поглед, се извонредни снимки од градската култура во движење. Но, со оглед на опасноста со која се соочуваат египетските жени поради талкање низ истите тие улици преку ден, нивниот импакт е далеку подлабок.

„Има огромен проблем за жените на египетските улици“, изјави Тахер. „Има многу сексуално малтретирање, така што ова беше една страна од проектот“.

Според извештајот на Обединетите Нации, во 2013 година, 99,3 отсто од жените во државата искусиле сексуално малтретирање на улиците, проблем кој се истакна преку бројни иницијативи кои им помагаа на жените да се борат. Проектот на Тахер им ја нуди можноста на египетските танчерки да ги повратат нивните улици, да изведуваат јавно и повикувајќи го градот да забележи.

„Имавме многу коментари од девојки кои велат дека сакаат да го направат ова. Тие сакаат да се чувствуваат слободно. Тие сакаат да го имаат чувството дека повторно се на улиците“.

На почетокот на јануари, египетскиот Парламент одобри потешки казни за оние што сексуално ќе нападнат жени откако системот беше критикуван дека ги омаловажува жртвите.

Сега, минималната казна за сексуалните напаѓачи е една година затвор, двојно поголема од претходната. Паричната казна за истиот прекршок е, исто така, двојно поголема, или 5 000 до 10 000 египетски фунти.

„Во Египет не недостасуваат закони, ниту пак требаат посериозни казни“, вели Хала Мостафа, основач на иницијативата „Јас видов малтретирање“.

„На Египет му недостасува политичка и социјална волја“.