Фотографијата на венецуелски демонстрант во пламен е победник на „Ворлд прес фото“

Фотографијата на која е прикажан демонстрант обвиткан во пламен за време на протестите во Венецуела ја доби наградата „Ворлд прес фото“ за 2018 година.

Авторот на фотографијата „Венецуелска криза“, Роналдо Шемит освои 10.000 евра.

Шемит, кој е роден во Венецуела, работи за Франс прес и живее во Мексико.

На фотографијата е прикажан 28-годишниот Хозе Виктор Саласар Балса за време на протестите против венецуелскиот претседател Николас Мадуро во Каракас во мај 2017 година.

Тој е фотографиран по експлозија на резервоар на мотор. Балса досега се опорави од изгорениците од прв и втор степен.

„Фотографијата фасцинира со енергијата и динамиката и е симбол на запалената Венецуела“, стои во образоложението на жирито.

Наградени се уште 42 фотографи во осум категории. На конкурсот учествуваа над 4.500 автори со повеќе од 73 000 фотографии. Повеќето од нив ги отсликуваат ужасните сцени од тековните војни низ светот, но и уништувањето на животната средина и дивина.

Најдобрите фотографии ќе бидат прикажани на изложби во 45 држави. Дел од нив погледнете ги во продолжение: