[Фото] Веце-школки и двоседи покрај скопските контејнери

Стар мебел, санитарии и електрични апарати постојано се одложуваат на јавни површини кршејќи го Законот за јавна чистота, реагираат од ЈП Комунална хигиена Скопје. Фотографиите направени викендов на улиците Франклин Рузвелт, Аминта Трети и Цветан Димов, во Центар, Карпош и Чаир покажуваат каде дел од скопјаните го фрлаат кабастиот отпад.

Ова, додаваат од јавното претпријатие, се случува речиси во сите скопски општини.

„Ги информираме нашите сограѓани дека својот кабаст отпад секој ден во неделата, од 07 до 19 часот, може да го одложат во Центрите за селекција на отпадот во Карпош и во Вардариште. За оваа услуга не се наплатува паричен надоместок!“ соопштуваат од ЈП „Комунална хигиена“.

Од претпријатието апелираат да престане загадувањето на животната средина преку неправилното одлагање на отпадот.