[Фото] Перформанс: Аеродром може да дише подобро!

Активистите на „Ние одлучуваме!“ денеска ја посетија населбата Аеродром и имаа перформанс пред трговскиот центар Бисер.

Тие од 13 часот го делеа бесплатниот весник „Ние одлучуваме“ и разговараа за проблемите кои ги живеат луѓето во општина Аеродром.

„Заслужуваме град полн со луѓе и живот!“, „Сакаме да дишеме чист воздух!”, „Вашиот глас одлучува, гласајте без страв и притисоци!“ беа дел од пораките кои се упатија за време на перформансот при кој беа искористени пиротехнички средства.

На крај, активистите поставија платно со главната порака: „Аеродром може да дише подобро!“

Граѓанската акција НИЕ ОДЛУЧУВАМЕ! Бараме промени! Можеме подобро! има за цел да ги информира, мотивира и охрабри граѓаните да учествуваат на предвремените парламентарни избори во 2016 година, да ги регистрира злоупотребите на јавните ресурси и институции за изборни цели, како и заканите и заплашувањата кон граѓаните за остварување на избирачкото право.