[Фото] Натрупано ѓубре околу реката Треска

Нецивилизираниот однос кон јавните површини периодов повторно се манифестира со расфрлани амбалажи, кеси и разен отпад  долж реката Треска.

„Едно од најубавте излетнички места во градот Скопје изгледа вака. Настрана супер неоговорните граѓани кои го фрлаат ѓубрето, имаме ли во градов служба за чистење, кој е одговорен за ова!? Општина Сарај, Град Скопје, Петре Шилегов!? Ги молиме одговорните веднаш да се исчисти оваа депонија“, реагираат од иницијативата Пријави загадувач.

Фото: Пријави загадувач